Вие имате прво да ја знаете вистината

Хрватската пејачка Тереза ​​Кесовија доби покана за вечера во Париз директно од Емануел Макрон!

Беше убав ден за паметење – изјави Тереза ​​Кесовија (83), хрватска пејачка која беше помеѓу гостите собрани од хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, на свечениот ручек по повод посетата на францускиот претседател Емануел Макрон, во хотел во Загреб.

Уникатната Тереза, која значаен дел од својата блескава кариера ја помина во Франција, поради што и беше наградена да присуствува на ручекот, беше повикана да се поздрави со Макрон, а таа избра за возврат да испее песна, а изборот беше „Песната на Лара“, која ја изведе без микрофон, пишува Јутарњи лист.

„Тоа се случи на самиот крај на ручекот, кога организаторот на протоколот за ручекот повика една многу фина госпоѓа која ме замоли да ја следам. Таа ме однесе до местото каде што седеа Андреј Пленковиќ и Емануел Макрон, на кои прво му посакав добредојде во Хрватска на француски јазик, а потоа му реков дека ќе му отпеам песна напишана од Французин и која јас ја испеав прва во светот. А тогаш премиерот Пленковиќ ме праша: Тереза, ќе ти треба микрофон ?“

„Кога ја завршив песната, Макрон ми се заблагодари, ми подаде рака и ми кажа – „Мерси“. А потоа љубезниот француски претседател додаде: „Треба да дојдете во Париз! Ве поканувам кога ќе дојдете да ми бидете почесен гостин на вечера – открива Тереза, која подоцна беше запрашана дали ќе ја прифати поканата на претседателот на Франција, на што таа одговори:

„Тоа е прекрасна покана која со задоволство ја добив. Да отидам ? Ништо не е невозможно. Сè е во Божји раце. Претпоставувам дека Андреј, нашиот премиер а јас го нарекувам по име затоа што се знаеме од времето кога заедно работевме на кампањата на Мате Граниќ, ќе замине во Париз на посета, па можеби ќе ме покани да отидам со нашата делегација“ – изјави Тереза за медиумите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!