Вие имате прво да ја знаете вистината

Итен состанок на СЗО поради новата варијанта на Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе одржи итен состанок поради новата варијанта на Ковид-19 вирусот откриен во Африка, поради кој може да има зголемен број на мутации.

Тулио де Оливеира, директор на Центарот за епидемијата и иновации во Јужна Африка, на претставниците на СЗО им ја пренесе својата загриженост за новата варијантата на Ковид-19 В.1.1.529, за која се стравува дека досега ќе биде една од најлошите варијанти на Ковид-19.

По нејзиното кажување до СЗО, тие одлучија да одржат вонредна седница.

Експертите на СЗО, наводно, ќе разговараат дали новиот вид треба да се дефинира како нешто што предизвикува загрижување или како варијанта од интерес.

За време на вчерашната прес-конференција, Тулио де Оливеира изјави дека новиот сој има многу голем број мутации, што носи ризик од брзо ширење на болеста.

Според последните податоци, оваа варијанта на Ковид-19 е дијагностицирана кај вкупно 77 лица во Јужна Африка. Исто така, ѝ биле дијагностицирани четири лица во Боцвана и едно во Хонг Конг (лице кое дошло од Јужна Африка).

Некои светски лидери веднаш реагираа на веста за појава на нова варијанта, најавувајќи нови мерки на претпазливост и ограничувања за патување, додека берзите ширум светот забележаа пад предизвикан од неизвесноста.

Индиските здравствени власти денеска ги ставија на подготвеност сите држави, барајќи да спроведат ригорозен преглед и тестирање на патниците кои пристигнуваат од Јужна Африка, Боцвана и Хонг Конг, како и да ги следат и тестираат нивните контакти.

Нов Зеланд, исто така, внимателно ги следи глобалните совети за новата варијанта, при што вицепремиерот Грант Робертсон, изјави дека новата варијанта е вистински повик за будење за сите нас, како и индикација дека оваа пандемија сè уште трае.

Др. Марија Ван Керкове, техничкиот лидер на СЗО за Ковид-19, на вчерашната прес-конференција изјави дека се уште не се знае многу за оваа варијанта.

Она што го знаеме е дека оваа варијанта има голем број на мутации. А загриженоста е дека кога имате толку многу мутации, тоа може да влијае на тоа како се однесува вирусот – изјави Ван Керков.

Таа додаде дека истражувачите ќе се состанат за да разберат од каде се овие мутации и што потенцијално можат да значат во однос на тоа дали е повеќе преносливо или дали има потенцијал да избегне имунитет.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!