Вие имате прво да ја знаете вистината

Лукашенко пристигна на границата со Полска и беше пречекан со аплауз од мигрантите, им порача дека ќе бидат обезбедени со се што им е неопходно (видео)

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, го посети граничниот премин Бругзи со Полска, каде мигрантите се обидуваат да влезат во Европската Унија, и порача дека Белорусија нема да ги гони, тепа и чува зад бодликава жица.

Сакам да знаете дека во секој случај нема да ве затвориме и да ве испратиме дома со авион доколку не го сакате тоа – изјави Лукашенко пред насобраната група на мигранти на граничниот премин.

Тој изјави дека околу илјада мигранти се евакуирани од Белорусија и истакна дека властите ќе им помогнат на оние кои сакаат да се вратат дома, но нема да ги принудат на истото. Тој за време на говорот пред бегалците изјави дека Минск ќе работи како што тие сакаат дури и ако се покаже дека е лошо за Полјаците.

Ние, Белорусија и јас, ќе направиме сè како што сакате, дури и ако тоа е лошо за Полјаците, жителите на Латвија или некој друг – посочи тој и напомена дека Минск ги разбира мигрантите.

Ве разбираме, сакате да стигнете во Европа, каде што бевте поканети. Сакате да ги обедините вашите семејства и такви луѓе има многу. Некои од вас веруваат во западната пропаганда и бараат подобар живот таму. Луѓето се различни овде. Но, вие имате еден проблем, голем и заеднички: влеговте во неволја, но сигурен сум дека е привремен – има кажа белорускиот претседател на мигрантите.

Лукашенко им вети на бегалците дека Минск нема да си игра со нивните судбини и врз нив да гради политика. Тој изјави и дека во Белорусија можат да се сместат до пет илјади мигранти. Покрај кампот, во кој моментално се сместени 2.000 мигранти долж границата со Полска, постои можност да се сместат уште 2.000 до 3.000 мигранти од земјите од Блискиот Исток.

Белорускиот претседател објави и дека во последните 24 часа имало обиди за „брутално“ протерување на околу 400 мигранти од Полска до границата со Белорусија.

Лукашенко се запозна со условите за сместување во кои живеат мигрантите, организацијата на храната, противпожарното обезбедување, и праша дали сите имаат доволно храна. Мигрантите го поздравија со аплауз. Претседателот на Белорусија разговараше и со претставници на Црвениот крст за помошта што им се дава на мигрантите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!