Вие имате прво да ја знаете вистината

Македонија против актуелниот европски шампион Италија, ќе се бори за настап на Светското првенство во Катар 2022 година

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра против репрезентацијата на Италија во полуфиналето од бараж натпреварите за пласман на престојното Светско првенство во Катар следната година.

Да напоменеме дека репрезентацијата на Италија е актуелниот европски првак а доколку сака да да биде првак на светот прво ќе мора да помине преку нашата репрезентација. Македонија доколку успее да ја совлада Италија понатаму ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Португалија и Турција.

Полуфиналните натпревари од баражот за пласман на Светското првенство во Катар ќе се одиграат на 24ти март идната година, а додека финалните дуели ќе се одиграат на 29ти март.

Победниците од полуфиналните натпреаври ќе играат помеѓу себе и така ќе ги дадат трите репрезентации од Европа кој ќе отпатуваат на мндијалот.

Група А: Шкотска – Украина, Велс – Австрија.

Група Б: Русија – Полска, Шведска – Чешка.

Група Ц: Италија – Македонија, Португалија – Турција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!