Вие имате прво да ја знаете вистината

Новата варијанта на Ковид-19 регистрирана и во Израел

Во Израел е потврдена нова варијанта на Ковид-19, која предизвикува загриженост ширум светот.

Според The ​​Jerusalem Post, присуството на новата варијанта на Ковид-19 наречена B.1.1.529 во Израел е потврдено од тамошното Министерство за здравство.

Нова варијанта е откриена кај лице кое се вратило во Израел од африканската држава Малави. Лекарите истражуваат уште два случаи на повратници од странство, за кои постои сомневање дека се заразени со новата варијанта. Во тек е генетско секвенционирање и резултатите се очекуваат наскоро.

Во сите три случаи станува збор за патници кои биле вакцинирани, наведува The ​​Jerusalem Post.

Станува збор за варијанта на Ковид-19 што е забележана во Јужна Африка, Боцвана и Хонг Конг. Наречена е B.1.1.529 и има 32 мутации кои би можеле да му овозможат да го избегне имунитетот стекнат со вакцините и истиот варијантата да го победи.

Досега само мал број случаи се идентификувани со геномско секвенционирање на оваа варијанта, но експертите посочуваат дека може да има многу повеќе во оптек. Имено, сосема е можно конвенционалните тестови за други соеви да не можат успешно да го детектираат присуството на оваа варијанта. Сите случаи, вклучително и оној во Хонг Конг, се поврзани со Африка

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!