Вие имате прво да ја знаете вистината

Новата варијанта на Ковид-19 се шири и низ Европа, Белгија е првата држава што потврди позитивен случај со новата варијанта

Вирологот, Марк Ван Ранст, чија лабораторија тесно соработува со белгиското јавно здравствено тело, на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека варијантата била регистрирана кај патник кој се враќал во Белгија од Египет на 11-ти ноември, а додека лицето ги развило првите симптоми на 22-ри ноември.

Белгија го регистрираше првиот случај на варијанта В.1.1.529 кои доаѓа од Јужноафриканската Република.

https://twitter.com/vanranstmarc/status/1464132214132727808?s=20

Ова го потврди белгискиот министер за здравство, Франк Ванденброук на прес-конференција денеска.

Пациент кој се враќал од Египет, преку Турција, се заразил со новата варијанта на вирусот.

Денеска беа анализирани уште два можни случаи, при што едниот случај беше идентификуван со делта варијантата, а другиот случај со новиот сој В.1.1.529.

Белгија е првата европска земја која откри случаи од новата варијанта, откако вирусот беше пронајден за прв пат во Јужна Африка, Хонг Конг, Боцвана и Израел.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!