Вие имате прво да ја знаете вистината

Поради експлозија во Рускиот рудник за јаглен животот го загубија најмалку 52 лица

Поради истекувањето на гас во сибирскиот рудник за јаглен во ледениот регион Кемерово, загинаа најмалку 52 лица, вклучително и шест спасувачи испратени да се обидат да извлечат десетици мажи затрупани во рудникот, пренесоа руските агенции. Ова е една од најлошите руски катастрофи во Русија во поновата историја.

Регионалниот истражен комитет соопшти дека три лица, помеѓу кои и директорот на рудникот Листвијазнаја како и неговиот заменик, се уапсени под сомнение дека ги прекршиле правилата за индустриска безбедност.

Руските агенции јавуваат дека рударите се задушиле кога вентилационата шахта била наполнета со гас. Државната телевизија соопшти дека обвинителите веруваат дека имало експлозија на метан.

Претходно беше соопштено дека загинале најмалку 11 рудари, а операцијата за спасување на уште 35 лица кои останале заробени под земја е прекината поради опасност од експлозија, изјави гувернерот на регионот.

Во понатамошниот болен развој на настаните, руското Министерство за вонредни состојби, објави дека спасувачкиот тим бил прогласен за исчезнат, откако тие не се пријавиле со другите спасувачки единици, на кои им било наредено да се вратат на површината.

Несреќата, како што претходно беше соопштено, се случила кога рано во четвртокот се запалила јагленова прашина во вентилационата шахта во рудникот Листвијазнаја, во регионот на Кемерово, околина која што е потрупана со снег, пополнувајќи го рудникот со чад.

Руските медиуми цитираа претставник на регионалната администрација, кој исто така процени дека во пожарот загинале 52 лица, велејќи дека тие починале поради труење со јаглерод моноксид.

Десетици лица се пренесени на лекување во болница на лекување а се наведува дека четири лица се во критична состојба.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!