Вие имате прво да ја знаете вистината

Претседателот на Украина изјави дека добиле информации за планирање на државен удар во неговата држава на 1-ви декември

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, твди дека добиле разузнавачки информации за обидот за државен удар на 1ви декември во неговата земја.

Зеленски гостуваше во емисијата „Прашања за претседателот на Украина“, а во таа прилика откри дека добиле разузнавачки информации за планирање на државен удар во неговата земја.

Украинскиот претседател изјави дека има аудио снимки од вмешаноста на бизнисменот Ринат Ахметов во обидот за државниот удар.

Зеленски го покани Ахметов во Претседателството за да добие повеќе информации на оваа тема и кажа дека тој не е како неговиот претходник Виктор Јанукович, кој избега од земјата во 2014 година и дека нема да бега и ќе остане во земјата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!