Вие имате прво да ја знаете вистината

Протече видео од Кристијано Роналдо како ги навредува соиграчите во сооблекувалната, а само еден имаше храброст да му се спротистави (видео)

Кристијано Роналдо дефинитивно е одличен фудбалер, голем борец и победник, но понекогаш знае да биде премногу арогантен и не секогаш миленик во соблекувалната.

А причината е повеќе од едноставна, Португалецот секогаш сака да обвинува некој друг за неуспехот, како што беше случајот неодамна кога тој го нападна тренерот Фернандо Сантош, по елиминацијата од Србија во квалификациите за Светското првенство следната година.

Во минатото тој знаеше да покаже со прст кон неговите поранешни соиграчи, Серхио Рамос и Икер Касиљас, кога играше во Мадрид. А тоа важи и за неговата кариера во Торино, каде тој некако повеќе мафташе со рацете отколку што креваше трофеи. 

Ништо подобро не е и со враќањето во Манчестер, го „избрка“ тренерот Оле Гунар Солскјер, а титулата практично за тимот е загубена.

А денеска сосема неочекувано протече видео од неговиот период во Торино, во кое тој им вика на соиграчите во соблекувалната по натпреварот од Лигата на шампионите и ги навредува и обвинува за неуспехот.

Што е поинтересно, сите до еден од екипата гледаа во земја, никој не смееше да му се спротивстави на разбеснетиот Португалец, освен Колумбиецот, Хуан Квадрадо.

Играме како гомно. И јас играм како гомно. Играме апсолутно ужасно и итно треба да се промениме. Тоа е факт. Ова е натпревар од Лигата на шампионите и треба да покажеме храброст – во тие моменти од видеото кое очекувано стана хит на интернет, речиси сите играчи на Јувентус гледаат во земја, а Квадрадо му отиде на Роналдо.

Јужноамериканецот се обиде да го смирува Португалецот велејќи дека тој е лидер и дека мора да им служи како пример на другите соиграчи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!