Вие имате прво да ја знаете вистината

Се разведе манекенката која се омажи сама за себе!

Манекенката, Крис Галера, која пред само 90 дена реши да се омажи сама за себе, сега одличи да му стави точка на тој брак бидејќи го запознала вистинскиот.

Галера, која неодамна наполни 33 години, во септември ги преполови насловните страници во светските медиуми бидејќи во отсуство на вистински маж застана пред матичарот и стапи во брак сама со себе.

Како што тогаш изјави за медиумите, на овој чекор се одлучила бидејќи и здосадило да се потпира на мажи и затоа што била најсреќна сама со себе.

https://www.instagram.com/p/CTxr15_LqwI/?utm_source=ig_web_copy_link

Вистина е. Пловев во самотија и решив да се омажам за себе. Ја славам љубовта кон себе и сакам да им бидам инспирација на жените да ја подигнат својата самодоверба – напишала манекенката пред само неколку месеци под фотографијата на која позира во венчаница на својот Инстаграм профил.

Изгледа дека сега го нашла вистинскиот бидејќи објавила дека се разведува од самата себе.

Зборувајќи за нејзиниот краткотраен брак, Крис изјавила дека е среќна додека траел.

Почнав да верувам во љубов кога запознав посебен маж, признала таа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!