Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер рано утринава ја погоди областа на границата помеѓу Индија и Мјанмар, но засега нема информации за поголеми штети или жртви.
Индискиот национален центар за сеизмологија соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 12 километри, и на 140 километри од градот Ајзаул, на североистокот на земјата.
Земјотресот го погоди Бангладеш, како и Калкута, индиски град на 450 километри од Ајзаул, изјавија очевидци.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар првично измери магнитуда од 6,0, а подоцна ја корегираше на 5,8.