Вие имате прво да ја знаете вистината

СЗО се огласи по итниот состанок: ќе бидат потребни недели за да се утврди моќта на новата варијанта

Светската здравствена организација (СЗО), денеска ги предупреди земјите да не реагираат набрзина со воведување ограничувања за патување поради новата варијанта на Ковид-19, B.1.1.529 и порачаа дека треба да преземат научен пристап заснован на проценка на ризикот.

Состанокот што се одржа зад затворени врати на експерти од Женева, свикан од СЗО, започна денеска за да се процени опасноста од новата варијанта на Ковид-19, В.1.1.529 и да се разговара дали таа треба да се дефинира како варијанта од вид на интерес или варијанта кој е причина за загриженост , објасни портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер.

СЗО препорачува земјите да продолжат да применуваат научен пристап заснован врз проценка на ризик, при спроведувањето на мерките за патување – изјави Линдмајер на брифингот на ОН во Женева.

Тој додаде дека ќе бидат потребни неколку недели за да се утврди можноста за пренесување на новата варијанта и колку вакцините и терапијата се ефективни против истата.

Тој, исто така, истакна дека досега се пријавени 100 секвенци од нновата варијанта.

Линдмаер апелираше до луѓето да носат заштитни маски секогаш кога е можно, да избегнуваат големи собири, да ги проветруваат просториите и да се грижат за хигиената на рацете.

Директорот на Центарот за епидемијата и иновации во Јужноафриканската Република, Тулио де Оливеира, претходно им ја пренесе на претставниците на СЗО својата загриженост во врска со новата варијанта на Ковид-19, В.1.1.529, за која се стравува дека ќе биде најлошата варијанта на Ковид-19 идентификувани досега.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!