Вие имате прво да ја знаете вистината

Борис Џонсон и се обрати на нацијата откако во Велика Британија беа регистрирани првите заразени со новиот вид на Ковид-19

Велика Британија во саботата објави дека во државата се откриени два случаи на новата варијанта на Ковид-19 вирусот, која неодамна беше откриена во Јужноафриканската Република.

Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија не информираше за два случаи на новата варијантата на Ковид-19 во државата. Двата случаи се поврзани и има поврзаност со патувањето во Јужна Африка – објави Саџид Џавид, државен секретар за здравство и социјална заштита на својот Твитер профил.

Двете лица моментално се во самоизолација.

Нашата држава исто така како многу Европски држави, Малави, Мозамбик, Замбија и Ангола ги стави на црвената листа за патувања, која стапува на сила во недела во четири часот наутро, изјави Џавид, додавајќи дека луѓето кои се вратиле од овие земји во изминатите десет дена мора да се само изолираат и да направат PCR тестови.

Неколку земји ширум светот ги забранија летовите од повеќе од половина јужноафрикански земји, вклучувајќи ги Јужна Африка, Намибија, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик, Лесото и Есватини, поради страв од ширење на нова варијанта на вирусот.

Светската здравствена организација (СЗО) во петокот ја прогласи новата варијанта на Ковид-19 како варијанта за загриженост и ја нарече омикрон.

Изјавата на СЗО дојде откако Советодавната група за вируси САРС-КоВ-2, составена од независни експерти, се состана за да ја разгледа варијантата првично наречена В.1.1.529.

СЗО објави дека оваа варијанта има голем број мутации, е многу пренослива и може да биде повешта во избегнувањето на мерките за јавно здравје, вклучително и вакцините.

Новата варијанта првпат беше пријавена во СЗО од Јужна Африка во средата, а беше откриена и во Боцвана, Хонг Конг и Белгија.

Во петокот, ограничувања за патување до и од неколку африкански земји беа наметнати од САД, Турција, Велика Британија, Европската унија, Саудиска Арабија, Израел и Мароко.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и се обрати на нацијата откако денеска беше откриена новата варијанта на Ковид-19 наречен омикрон.

Џонсон на почетокот изјави дека бројот на случаи на Ковид-19 останува релативно висок, но дека е забележано намалување на смртните случаи.

Сепак, новата варијанта на Ковид-19, омикрон, значи дека Англија сега мора да воведе насочени и пропорционални мерки како мерки на претпазливост – посочи тој.

Премиерот најави дека сите патници кои влегуваат во државата мора да направат PCR тест до крајот на вториот ден по пристигнувањето и дека мора да се изолираат додека не добијат негативен резултат.

Џонсон истакна дека не сака да го запре патувањето, а граничните мерки можат само да го забават ширењето на секоја новата варијанта, а не и да го запрат.

Џонсон вели дека владата ги заострува мерките кога станува збор за носење заштитни маски во продавниците и во јавниот превоз. Правилата ќе бидат ревидирани за три недели. Не знаеме колку нашите вакцини ќе бидат ефективни против новата варијанта. Но, имаме добри причини да веруваме дека тоа ќе ни обезбеди барем некаква заштитна мерка – истакна британскиот премиер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!