Вие имате прво да ја знаете вистината

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ЗАГРЕБ: 14 патници беа исфрлени од летот за Брисел, мораше да интервенира и полицијата

Необична драма се одвиваше на Меѓународниот аеродром во Загреб, кога 14 лица биле исфрлени од летот за Брисел, а властите им рекле дека нелегално биле во авионот, пишува Јутарњи лист.

Во 16.30 часот околу сто патници се качија на летот за Брисел. Го донеле багажот, се сместиле на своите места, но потоа дошле стјуардите кои прво исфрлиле десет, а потоа уште четворица патници од летот. Само им било кажано дека „нелегално биле во авионот“.

Новинарката на Јутарњи лист, Зринка Корљан беше меѓу патниците кои требало да полетаат со авион на Рајанер.

Ситуација каква што досега не сум доживеала. Прво дојдоа да ѝ кажат на таа група патници дека биле нелегално во авионот, но не им дадоа никакво објаснување. Само им рекоа да си ги земат работите и да излезат. Потоа тргнаа да го контролираат бројот на седиштата и бројот на качените патници. Кога тоа заврши, ни се обрати капетанот и ни кажа дека сите мораме да го напуштиме авионот и да се вратиме на чекирање поради „некоја грешка“. Иако имаше негодување и нервоза сите се вративме во аеродромска зграда, објави новинар од Јутарњи лист.

Таа вели дека на излегување од авионот забележала најмалку четворица полицајци кои изолирале 14 патници. Забележала дека се работи само за мажи. Околу 17.45 часот повторно се качиле во авионот и чекале авионот да полета.

Таа пријавила дека во авионот, ниту во делот на пистата ги нема мажите кои полицијата ги изолирала, односно очигледно биле однесени на криминалистичко истражување.

Од Министерството за здравство го потврдија настанот, но велат дека не ги знаат деталите бидејќи, како што велат, се работи за полициска акција. Со други зборови, полицијата наредила да се испразни авионот. Зошто, сè уште не е познато.

Околу 19.30 часот за настанот се огласи и полициската управа во Загреб.

Денес, 26.11.2021 година, околу 16.35 часот, вработените во авиокомпанијата побарале од 14 патници да го напуштат просторот на авионот што требало да лета за Брисел поради непочитување на важечките правила на давателот на транспортната услуга, а потоа сите патници го напуштија авионот и на барање на вработените заради дополнителни проверки и исполнување на барањата на компанијата.

По дополнителна проверка, 156 патници го напуштиле аеродромот со авион, додека 14 патници не ги исполниле условите за патување. Од страна на авиокомпанијата на лице место биле повикани полициски службеници во случај на евентуално незаконско однесување кое не постоело и немало потреба да се постапува, соопшти полицијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!