Вие имате прво да ја знаете вистината

Медиумите во Русија се изненадени како Вучиќ течно зборува на руски јазик, затоа разговорите со Путин во Сочи беа без преведувач (видео)

Сите руски ТВ канали кои известуваа за разговорите меѓу претседателите Путин и Вучиќ, истакнаа дека Србија добила поволна цена за гасот како докажан пријател на рускиот народ.

Во извештаите се нагласува дека Белград не воведе санкции кон Москва и дека односите се подобруваат во сите сфери на животот – од политиката и културата до економијата. Новинарите во руската престолнина ги издвоија зборовите на Путин, кој оцени дека односите меѓу двете пријателски земји се на високо ниво.

https://www.instagram.com/p/CWsmd3Bjfjz/?fbclid=IwAR2v8ent5AAwSesob8Syufy1jabHprClN2R_FOcnYQl3VyUsfGiem_JyaAc

Исто така, се цитира и изјавата на Вучиќ во Сочи дека односите никогаш не биле подобри од денешните. Како доказ за тоа, новинарите потсетија и на фактот дека вакцината Спутник V се произведува во Белград. Извештаите од Сочи се фокусираат и на зборовите на Путин дека Русија ќе продолжи доследно да се придржува до добро познатите позиции за Косово и Метохија и дека ќе ги поддржи преговорите за праведно решавање на проблемот на јужната српска покраина.

Руските новинари пак забележаа дека претседателот Вучиќ зборува течно руски и дека на разговорите во Сочи нема преведувач.

https://www.instagram.com/p/CWsrcLZs_z4/?utm_medium=copy_link&fbclid=IwAR0I1g1iNp08OPrtWvnS2m3XnTKD8XrRirqe4MTKQLZ8vmXwsILyHoT8QQk

Телевизиските извештаи посочуваат дека Вучиќ очекува Путин како добредојден гостин да ја посети Србија во 2022 година. Интересно е што руските медиуми ги пренесоа зборовите на Путин, кој знаел дека претседателските избори следната година ќе бидат во Србија. Познатиот московски историчар, специјалист за Балканот, Павел Кандељ, за руските новинари изјави дека е важно за српските политичари Путин, кој е многу популарен во Србија, да ги поддржи на изборите.

Беше прикажано и дека Путин и Вучиќ разговараат на кратка оддалеченост, бидејќи биле вакцинирани против короната. Тоа е и причината зошто Путин му беше домаќин на Вучиќ, а со многумина разговара само преку видео врска.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!