Вие имате прво да ја знаете вистината

Не му верувам на Додик, со Белград и Москва го малтретира целиот регион, Харис Силајџиќ побара НАТО да испрати војска на Дрина (видео)

Поранешниот босански министер за надворешни работи Харис Силајџиќ во денешниот разговор за Си-Ен-Ен изјави дека е потребен ангажман на американската администрација за да се спречат Додик, Белград и Москва да ја поделат Босна и Херцеговина и дека е многу загрижен.

Запрашан дали му верува на Додик кога рече дека нема да ризикува мир поради независноста на РС, Силајџиќ рече дека Додик не бил искрен.

„Не му верувам на Додик. Дозволете ми да ви кажам, не се работи само за Босна и Херцеговина, тие го малтретираат целиот регион, не само Додик, туку и Белград и Москва, кои го штитат. Затоа ни треба итно внимание од оние што можат да направат нешто овде“, рече тој. Силајџиќ беше гостин на познатата новинарка Кристијан Аманпур.

Тој додаде дека граѓаните се загрижени поради можноста за војна и дека на БиХ и е потребен нов Устав, односно реформа што ќе овозможи формирање на демократска држава.

„Големо мнозинство граѓани го бараат тоа, дајте ни демократија, зошто да не ја имаме како другите граѓани во Европа“, рече Силајџиќ, додавајќи дека воените злосторници гнијат по затворите, но дека нивниот проект се уште е жив.

Тој понатаму рече дека проектот за Голема Србија е сè уште жив.

„Агендата е иста, а тоа е Голема Србија, а белградскиот режим е иницијатор на сето ова, а нивната идеологија е Голема Србија, која сакаат да ја добијат со сила. Тоа е проблем на целиот регион, не само БиХ. Демократијата е загрозена во целиот регион. Верувам во тоа што сега го зборуваат затоа што пред неколку дена се закануваа со оружје, а сега купуваат време затоа што меѓународната заедница делува бавно. Ни треба акција и треба да заштитиме БиХ и регионот од нова војна бидејќи се подготвени за тоа“, рече Силајџиќ.

Тој додаде дека Додик сака да ја подели БиХ и дека навистина верува дека може да го спроведе.

„Им предлагам на ЕУФОР или НАТО да испратат војска во Брчко и по реката Дрина, бидејќи тенковите и војската дојдоа од таму во последната војна. Ни треба сила што ќе спречи, а не ќе лечи“, рече Силајџиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!