Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова се децата кои се убиени во автобусот кај Дечани, биле ученици на средното медицинско училште, во нив било пукано од калашников (видео, фото)

Вчера доцна вечерта од калашников беше пукано во автобус кај местото Глоѓане, во Косово, а според последните информации загинале три лица.

Според Коха, возачот загинал на лице место, како и две помлади лица, родени 2003 и 2004 година.

Како што дознава белградски Курир причината за трагедијата е поради одмазда. Имено, еден од патниците бил исфрлен од возачот и кондуктерот на автобусот бидејќи ги малтретирал девојките. Потоа земал калашников, го чекал автобусот и испукал рафал.

Идентификувани се сите тројца убиени, возачот Гани Ѓокај и ученици од село Глоѓане Л.Х.(19) и Г.М.(17).

Убиецот е во бегство, а полицијата интензивно трага по него!

Најмалку три лица загинаа денеска во престрелка што се случила околу 19 часот во близина на селото Глоѓане во општина Дечани на Косово и Метохија.

Потврдено е дека во престрелката животот го загубил возачот на автобусот Гани Ѓокај, како и учениците од село Глоѓане- девојка Л.Х.(19) и момче Ѓ.М.(17), инаку ученици на средното медицинско училиште. .

Од нив на Фејсбук се прости класниот раководител на убиеното девојче.

„Проклет да си криминалецу, кој ја уби мојата ученичка. Сочувство до семејствата на сите убиени вечерва“, напиша таа.

Портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Фадил Гаши изјавил дека во автобусот во моментот на пукањето имало осум патници, јавува Клан Косова.

Ранетите патници се префрлени во болницата во Пеќ, но од здравствената установа не соопштуваат колку лица се повредени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!