Вие имате прво да ја знаете вистината

Простести во Загреб против новите Ковид-19 мерки, сообраќајот е во прекин

Денеска околу 17 часот во главниот град на Хрватска, Загреб започна собир на демонстранти против Ковид-19 сертификатите. Повеќе од илјада тргнаа од плоштадот на Француската Република кон плоштадот Свети Марко.

Инаку, овојпат се работи за тивок протест и се е предвидено да се одржи во мирна атмосфера. Не се очекува да пристигнат некој од политичарите, а демонстрантите се поканети да дојдат во бело и да донесат бела свеќа и бел балон.

Она што е познато е дека на насобраните треба да им се придружат и неколку студенти на Филозофскиот факултет кои со денови протестираат пред зградата на факултетот поради најавеното воведување на Ковид-19 сертификатите.

Сообраќајот на автомобили и трамвај на Илица е запрен поради протерстите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!