Вие имате прво да ја знаете вистината

Протести во Србија, блокирани многу патишта и мостови а имало и судир помеѓу демострантите и полицијата (фото)

Голем број на граѓани денеска ги блокираа улиците во повеќе градови во соседна Србија поради незадоволство од спорниот закон за референдум, а на неколку места имаше и конфликти помеѓу насобраните граѓани и припадници на полицијата.

Најмногу граѓани се собраа во Белград, каде што се одржаа блокадите на повеќе локации.

По завршувањето на блокадите, активистот Александар Јовановиќ, лидер на групата собрана пред Владата на Србија изјави дека блокадата е успешна, по што луѓето полека почнаа да го напуштаат собирот. Неформалниот план е повторно да се соберат денеска, пред Националното собрание во 18 часот.

Жителите на Нови Сад нешто повеќе од еден час го блокираа еден од главните мостови, мостот Дуга, а во еден момент дојде и до судир помеѓу полицијата и активистите.

Судирот избувна кога полицијата се обиде да ги премести демонстрантите од едната страна на мостот до другата за да направи пат за автомобилите.

Инцидент исто така се случил и во Шабац при блокирање на улиците. Имено, како што може да се види од снимките кои кружат на социјалните мрежи, еден багер не сакал да застане и прошетал низ група насобрани граѓани, за среќа немало повредени или жртви.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!