Вие имате прво да ја знаете вистината

Ванда Нара откри зошто не се разведе од Мауро Икарди: Убавата Аргентинка во емисија во живо изнесе детали од секс скандалот (видео)

Ванда Нара и Мауро Икарди неодамна поминаа низ турбулентен период и за малку ќе се разведоа.

Причина за тоа била пораката која Ванда ја видела во телефонот на нејзиниот сопруг и неговата преписка со актерката Чина Суарез. Таа веднаш покрена постапка за развод, но по неколку дена се предомисли.

Убавата Аргентинка ги откри деталите од секс скандалот во ТВ емисија во присуство на нејзиниот сопруг Мауро.

“Го погледнав неговиот телефон и го видов разговорот. Очигледно се беше наместено, бидејќи Мауро никогаш не би пишувал такви работи. Реагирав премногу бурно, но навикната сум да си говориме се еден на друг”.

Мауро и призна на Венди дека го видел Чина.

“Ми кажа дека се виделе и дека ништо не се случило. Таа беше во Париз и се сретнаа. Затоа и реагирав бурно, но подоцна и се јавив на Чина и и се извинив за тоа што се случи”.

Ванда откри и дека Мауро се заканил дека ќе ја заврши кариерата во случај да се разведат.

“Да, тој ми го кажа тоа. Но, не знам дали е така. Тоа се големи зборови”, истакна Ванда.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!