Вие имате прво да ја знаете вистината

Барбадос станува република, гувернерката Сандра Мејсон ќе ја замени Кралицата Елизабета

Барбадос се подготвува да ги прекине сите врски со британската монархија, но предизвиците од понекогаш брутално колонијално минато и влијанието на пандемијата врз туризмот се големи предизвици за карипскиот остров, кој ќе стане најновата република во светот.

Познат по плажите и љубовта кон крикетот, Барбадос оваа недела ќе го замени раководителот на државата односно кралицата Елизабета Втора, а за нов претседател на државата ќе биде поставена генералната гувернерка, Сандра Мејсон.

Церемониите од понеделник до вторник вклучуваат воени паради и прослави по повод претседателската инаугурација на Сандра Мејсон.

Почетокот на новата ера предизвика дебата помеѓу населението од 285.000 луѓе за вековното британско влијание, вклучително и повеќе од 200 години ропство до 1834 година. Барбадос ја стекнува својата конечна независност во 1966 година.

Во октомври, Барбадос ја избра Мејсон за прва претседателка, една година откако премиерката Миа Мотли изјави дека земјата целосно ќе го напушти своето колонијално минато.

Но, некои истакнати луѓе во земјата велат дека има поважни национални проблеми за Барбадос, вклучително и економските превирања предизвикани од пандемијата на Ковид-19, која покажа преголем пад на туризмот – што, иронично, туризмот најмногу зависи од британските посетители.

Крајот на владеењето на кралицата некои го гледаат како неопходен чекор кон добивање компензација за решавање на историските последици од користењето на робовите донесени од Африка за да работат на плантажите за шеќер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!