Вие имате прво да ја знаете вистината

Донесена одлука со која се дозволува вакцинација за деца од 12 до 15 години во Египет

Властите на Египет денеска донесоа одлука со која се одобрува вакцинацијата на деца на возраст од 12 до 15 години, соопшти египетската влада.

Со оваа одлука се намалува лимитот за луѓе кои можат да ја примат вакцината Фајзер бидејќи досега им беше дозволена на лица постари од 15 години.

Вакцинацијата на деца од 12 години е одамна одобрена во многу земји во светот, а сега полека се префрла на вакцинација на деца од 5 до 11 години, со помали дози во однос на возрасните.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!