Вие имате прво да ја знаете вистината

Израел е првата земја што ќе забрани влез на странци поради новата варијанта на Ковид-19

Италија и Германија во саботата регистрираа случаи од нова варијанта на Ковид-19 -Омикрон, додека неколку земји воведоа ограничувања за патување од Јужна Африка.

Израел соопшти дека ќе им забрани на сите странци да влезат во земјата и ќе ја воведе анти-терористичката технологија за следење телефони за да спречи ширењето на оваа варијанта.

Забраната за влез во Израел се очекува да стапи на сила во недела на полноќ, по целосното одобрение од владата.

Израел досега потврди еден случај на заразеност со новата варијанта односно Омикрон, кој првпат беше откриен во Јужна Африка.

Премиерот, Нафтали Бенет, во изјавата кажа дека забраната ќе трае 14 дена, додека владата не ја одобри. Официјалните лица надеваат дека во тој период ќе има повеќе информации за тоа колку се ефективни вакцините против новата варијанта на Ковид-19, кој првпат беше откриен во Јужна Африка и кој Светската здравствена организација (СЗО) го нарече варијанта на загриженост.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!