Вие имате прво да ја знаете вистината

Кандидатот за претседател на Франција во центарот на вниманието, фотографиран како покажува среден прст во Марсеј

Ерик Земур, писател, е потенцијален кандидат за претседател на Франција. Сепак, тој се најде во центарот на вниманието кога покажа среден прст кон случаен минувач кој му пријде во Марсеј. 

Подоцна Земур апелираше до младите да не го повторуваат неговиот гест. Тој пристигна во Марсеј за време на неговата промотивна турнеја, каде што беше пресретнат од група демонстранти кои фрлаа по него додека излегуваше од железничката станица.

Жена му пришла до автомобилот додека стоел пред градското собрание и му покажала среден прст, а Земур брзо и возвратил со иста мерка. Тимот на Земур подоцна се обиде да ги исправи неговите грешки кажувајќи им на новинарите дека жената се преправала дека е негова поддржувачка и дека била агресивна.

Инаку, на Земур моментално му се суди бидејќи децата мигранти ги нарекол крадци, убијци и силувачи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!