Вие имате прво да ја знаете вистината

Кина го пушти во употреба најбрзиот воз на светот, достигнува брзина до 600 километри на час (видео)

Најбрзиот воз во светот е пуштен во употреба во Кина.

Возот користи технологија за магнетна левитација (MAGLEV) и може да се движи со брзина до 600 километри на час.

Одбивните магнетни сили на шините и подвозјето на возот му овозможуваат на возот практично да „плови“ над шините, што речиси целосно го елиминира триењето. Ова овозможува да се постигнат многу поголеми брзини од конвенционалните возови.

Патувањето од Пекинг до Шангај со новиот воз трае само два ипол часа, што е двојно пократко од претходните брзи возови.

Кина планира да ја поврзе земјата со возовите MAGLEV, со цел да го скрати времето на патување помеѓу најголемите градови до три часа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!