Вие имате прво да ја знаете вистината

Најбогатиот Кинез изгуби 30 милијарди долари, овие се причините поради кои се топи богатството на газдата на Алибаба

Акциите на Алибаба незапирливо паѓаат на берзите, поради што се намалува богатството на сопственикот на онлајн компанијата и некогаш најбогатиот Кинез.

Како што продолжуваат проблемите на технолошкиот гигант, така драматично се топи и богатството на сопственикот на Алибаба.

Милијардерот Џек Ма, некогаш најбогатиот Кинез, изгубил дури 30 милијарди долари во изминатата година и во моментов, според проценките на Форбс, тежи само околу 38,6 милијарди долари, во споредба со максималното богатство вредно 66,6 милијарди долари во периодот кога акциите на компанијата го достигнаа пикот на берзите.

Само во петокот, по новиот пад на вредноста на акциите на Алибаба, Ма загуби дополнителни 350 милиони долари.

Алибаба груп минатата недела објави разочарувачки квартални приходи и ги наруши прогнозите за следната година.

Приходите на кинеската компанија во вториот квартал се пониски од очекувањата на пазарот бидејќи забавувањето на потрошувачката во Кина и нарушувањата во синџирот на снабдување го погодија нејзиниот сектор за е-трговија, според објавените финансиски резултати на компанијата.

Ројтерс наведува дека деловните резултати на Алибаба пропаднале во вториот квартал од фискалната година на компанијата и дека по објавувањето на извештајот, акциите на Алибаба кои биле котирани на Њујоршката берза, тие изгубиле 30 отсто од својата вредност досега оваа година, а на Волстрит во петокот потона за уште 2,4 отсто.

Според британската агенција, големите кинески технолошки компании се исто така под притисок на построгите прописи донесени од кинеските регулатори, повикувајќи се на антимонополски и безбедносни причини, пренесува Биз Лајф.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!