Вие имате прво да ја знаете вистината

Омикрон е најопасен досега, супер мутантот може да предизвика нова пандемија, го има собрано најлошото од предходните корона вируси

Омикрон видот на коронавирусот, кој експертите го опишаа како најлош до сега, и кој е откриен во Јужна Африка, ги има сите загрижувачки мутации од претходните верзии на вирусот, плус многу други кои би можеле да го направат најзаразен и најотпорен на вакцини.

Супермутантот има мутации на високо инфективен вид делта, што ја направи оваа варијанта толку пренослива што стана доминантна во светот за неколку месеци. Но, новата варијанта вклучува и промени отпорни на вакцини забележани кај бета – уште еден загрижувачки вид што се појави во Јужна Африка и досега се сметаше за најдобар во избегнувањето на имунолошкиот одговор.

Содржи и мутација која помогна алфа варијантата да се шири со молскавична брзина во Велика Британија минатата зима. Севкупно, новиот супер вид има 32 мутации на својот протеин, повеќе од која било варијанта пред него и двојно повеќе од делтата.

Содржи две уникатни промени во специфичен дел од спајк протеинот што му помага на вирусот да навлезе во човечките клетки. Сите знаци на предупредување укажуваат дека омикрон видот би можел за неколку месеци да стане доминантен во светот, иако научниците нагласуваат дека дека уште не потврдиле ниту еден од ефектите на мутациите во лабораториите.

Д-р Ерик Фајгл-Динг, епидемиолог и виш соработник во Федерацијата на американските научници, рече дека првичните податоци за оваа варијанта се загрижувачки и дека треба да се воведат ограничувања на границите.

Постои сериозен ризик оваа варијанта да предизвика пандемија 2.0 – изјави тој за Дејли мејл.

Населението на Јужна Африка има многу високо ниво на природен имунитет, но се чини дека омикронот лесно се шири во земјата, поради што експертите стравуваат дека новиот вид лесно може повторно да ги зарази оние кои веќе го преживеале ковидот. Меѓутоа, засега нема зголемување на хоспитализациите што ги зголемува надежите дека овој вид може да предизвика поблаги симптоми.

Омикронската варијанта има повеќе од 50 мутации од кои повеќе од 30 се на спајк протеинот. Носи мутации P681H и N679K кои „ретко се гледаат заедно“ и би можеле да го направат вирусот уште поотпорен на постоечките вакцини. Овие две мутации, заедно со H655I, исто така може да го олеснат влегувањето на вирусот во клетките на човечкото тело.

И мутацијата N501Y може да го направи сојот попренослив и претходно беше забележана на алфа и бета соевите. Две други мутации (R203K и G204R) би можеле да го направат вирусот позаразен, додека мутацијата (NSP6) може да ја зголеми неговата преносливост.

Носи и мутации на K417N и E484A кои се слични на оние во бета варијантата, што го прави подобар во избегнувањето на имунолошкиот одговор, без разлика дали е предизвикан од вакцини или антитела од прележан ковид.

Но, има и N440K, пронајден во делтата, како и S477N, откриен во њујоршката варијанта, што е поврзано со зголемување на случаите во таа американска држава во март – и двете мутации се добри за избегнување на имунолошкиот одговор. Останатите мутации што ги има вклучуваат G446S, T478K, K493K, G496S, K498R и I505H, иако нивното значење сè уште не е јасно.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!