Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова досега го немате видено, летечко Рено четири е вистинска атракција. Има место само за еден патник и личи на дрон (видео)

Легендарното Рено четири, годинава слави 60 години постоење, а во тој дел е направена и летечка верзија на овој автомобил. Рено четири се произведуваше од 1961 до 1994 година и е еден од симболите на народните автомобили, а произведени се повеќе од осум милиони примероци. Рено планира тој модел да го оживее во сериско производство, како електрично возило, но во 2025 година.

Во рамките на шесте децении од создавањето на култниот автомобил, францускиот дизајнерски центар – Арсенал ја направи својата летечка верзија на Рено четири. Во возилото има место само за пилотот, но не и за патниците. Летечкиот Рено четири е сличен на голем дрон, има четири пропелери кои го креваат во воздух и четири ноги на кои слетува, а секако нема тркала.

Според компанијата Арсенал, првата копија која беше направена веќе полета. Досега летал на височина од 15 метри, а теоретски најголемата височина што може да ја достигне е 700 метри. Се напојува со четири електромотори, има батерија од 90.000 милиампери, а максималната брзина му е до 90 километри на час.

До крајот на годината Рено четири ќе биде изложен во студиото на Рено на Елисејските полиња во Париз, а потоа ќе замине на светска турнеја и ќе ги посети Мајами, Њујорк и Монако. Оваа компанија не планира сериско производство на летечкиот моделот поради комплицираната аеродинамика на обвивката на класичниот Рено четири, која не одговара на летање.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!