Вие имате прво да ја знаете вистината

Петр Фијала, нов премиер на Чешка

Петр Фијала денеска ја презеде функцијата премиер на Чешка, со што Андреј Бабиш и официјално стана дел од политичкото минато.

Лидерот на чешката десничарска страна, Фијала беше назначен за нов премиер во неделата, откако на парламентарните избори во октомври беше соборен милијардерот Андреј Бабиш, соопшти чешкото претседателство.

Назначувањето доаѓа откако претседателот Милош Земан ја напушти болницата во саботата, каде што помина неколку недели.

Шефот на државата беше пуштен од болница во четвртокот, но повторно беше хоспитализиран поради позитивен тест на Ковид-19.

Тој прво беше примен на интензивна нега, ден по парламентарните избори и остана повеќе од три недели пред да биде префрлен на одделението за опоравување.

Тој на 11 ноември ја прифати формалната оставка на владата на премиерот Андреј Бабиш, по изборниот пораз, кој Бабиш едвај го прифати.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!