Вие имате прво да ја знаете вистината

Почина легендарниот Френк Вилијамс

Основачот на Вилијамс, еден од најтрофејните тимови во историјата на Формула 1, Сер Френк Вилијамс почина денеска на 80-годишна возраст.

Вилијамс, кој го водеше британскиот тим до септември минатата година, во петокот беше примен во болница, каде што почина два дена подоцна.

Денеска оддаваме почит на една неверојатно сакана и инспиративна личност. На сите ќе им недостига Френк многу. Ги замолуваме сите пријатели и колеги да ги почитуваат желбите на семејството Вилијамс, за да им се овозможи приватност во овие моменти. А оние кои сакаат да му оддадат почит, ве молиме да донирате за Здружението за повреда на ‘рбетниот мозок, а ние ќе поддржиме оставање цвеќе пред седиштето на тимот. Деталите за комеморацијата ќе бидат објавени подоцна, се вели во соопштението на тимот на Вилијамс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!