Вие имате прво да ја знаете вистината

Швајцарија по пат на референдум ќе гласа за укинување на Ковид-19 сертификатите

Швајцарските гласачи по пат на референдум во недела ќе одлучат дали да го поништат воведувањето на сертификатот за Ковид-19, кој моментално е потребен за докажување на вакцинација, закрепнување или негативен тест.

Противниците на сертификатот ги принудија властите да гласаат за тоа со петиција. Тие се спротивставуваат на сертификатот за Ковид-19 за влез ресторани и други затворени простории како и јавни настани, велејќи дека тоа ќе ја подели државата и индиректно ќе ги принуди луѓето да се вакцинираат.

Сепак, во неодамнешните анкети, околу 60 отсто од испитаниците беа против укинувањето на сертификацијата за Ковид-19. На референдумот во недела се гласа и за иницијативата на медицинскиот персонал, која најверојатно ќе биде прифатена.

Потребни се повисоки плати, подобри услови за работа и повеќе пари за образование и обука. Стручниот медицински персонал месечно заработува во просек над 4.000 евра бруто.

Сепак, трошоците за живот во Швајцарија се високи и нема доволно стимулации за работодавците да придонесуваат за здравствено осигурување на вработените. Владата сака да инвестира повеќе во обука, но условите за работа да им ги остави на работодавците.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!