Вие имате прво да ја знаете вистината

Светските берзи драстично паѓаат поради новата варијанта на Ковид-19

Цените на акциите на светските берзи нагло паднаа минатата недела, бидејќи склоноста на инвеститорите за поризични инвестиции падна откако беше забележанана нова, многу заразна варијанта на Ковид-19 во Јужна Африка .

На Волстрит во Њујорк, Dow Jones падна за два отсто минатата недела, додека S&P 500 потона за 2,2 отсто, а индексот Nasdaq 3,5 отсто.

До петокот на берзите се тргуваше мирно, а потоа пазарите ги потресе веста дека во Јужна Африка е забележана нова варијанта на Ковид-19 со голем број мутации.

Се стравува дека новата варијанта може да биде отпорна на вакцини и позаразен од претходните варијанти на вирусот.

Како резултат на тоа, многу земји, вклучително ЕУ, Велика Британија, САД и Бразил, најавија построги гранични контроли на патниците од шест јужноафрикански земји.

Ова ги вознемири инвеститорите кои веќе беа загрижени за брзото ширење на Ковид-19 во Европа и најавените карантини во некои земји, како Австрија.

Во Германија, бројот на смртни случаи од вирусот надмина 100.000 минатата недела, Словачка објави двонеделен карантин, а Чешката влада ги затвори баровите порано.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!