Вие имате прво да ја знаете вистината

Тешка повреда на Нејмар, Бразилецот изнесен од теренот на носилки (видео)

Фудбалерите на ПСЖ победија на гостин кај Сент Етјен со резултат од 3:1 во рамките на 15. коло од францускиот шампионат. Сепак, натпреварот го одбележа тешката повреда на Нејмар, кој мораше да го напушти теренот на крајот од натпреварот.

Се играше во 84. минута, кога Нејмар беше во напад а тогаш врз него стартуваше домашниот фудбалер Иван Макон. Бразилецот успеа да го заобиколи лизгањето на противникот, но потоа го изврте зглобот на левата нога.

Натпреварот беше прекинат, а помош му беше укажана на Нејмар, потоа Бразилецот беше изнесен од теренот на носилки.

Инаку, Маркињос денеска постигна два гола за ПСЖ, а еден беше дело на Анхел Ди Марија. Интересно, Лионел Меси постигна три асистенции, додека стрелец за домашниот тим беше Денис Буанга. 

Денеска за ПСЖ треба да се напомене дека дебитираше и Серхио Рамос.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!