Вие имате прво да ја знаете вистината

Тренери кои имаат потекло од Југославија се најплатени во Америка, Бил Беличик и Грег Поповиќ се тешки милионери

Бил Беличик, тренерот на НФЛ тимот Њу Ингланд Патриотс, е тренер со најголема плата меѓу тренерите во американскиот спорт.

Беличик, 69-годишен тренер со хрватско потекло, има годишна плата од 18 милиони долари. Тој е во клубот од Бостон од 2000-та година и е познат како еден од најдобрите НФЛ тренери на сите времиња со освоени шест титули во Супер Боул.

Најплатен кошаркарски тренер во Америка е Грег Поповиќ, тренерот на Сан Антонио. Лудиот Србин, како што самиот се нарекува Поповиќ, секоја година става 11,5 милиони долари во џеб. Поповиќ е и селектор на американската репрезентација.

Сепак, со таа годишна плата, Поповиќ е само петти на листата на најплатени тренери. Пред него, покрај Беличик, се уште тројца тренери од НФЛ. Второто место го делат Шон Пејтон од Њу Орлеанс Сејнтс, Пит Керол, тренер на Сиетл Сихокс и Енди Рид, тренер на Канзас Сити Чифс. Тројцата заработуваат по 12 милиони долари годишно.

Од НБА тренерите во топ 10, останува само Стив Кер, стратегот на Голден Стејт Вориорс, кој инкасира 9,5 милиони долари годишно.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!