Вие имате прво да ја знаете вистината

Убавата политичарка ги збесна Русите: Се соблече во бикини и “полугола” се “валкаше” во снегот на минус 20 степени во Сибир (видео)

Руската политичарка Ана Терешкова (52) сакала да ги охрабри своите сограѓани да „станат посилни“ така што се фрлила полугола во снегот и правела „ангели“ . Нејзините постапки беа осудени, па Русите ја обвинија дека го „засрамила“ нејзиниот град. Терешкова беше снимена како изведува „снежни ангели“ во бикини во Новосибирск, Русија, на температура од минус 20 степени.

Ова е Сибир! Минус 20, каква убавина, објави политичарката на својот Инстаграм профил. Таа со овој потег сакала да ги поттикне своите сограѓани да се „капат во снег“ бидејќи тоа е „најдобар начин да се зајакне имунитетот“.

https://www.instagram.com/p/CWfkgGfFvhg/?utm_source=ig_embed&ig_rid=ad39c032-8481-4de4-944a-c0fac185b1a4

Мора да ја искористиме предноста на Сибир. Овде отсекогаш живееле силни и здрави луѓе. Здравјето го челичат со скијање и лизгање и на минус 20 степени, па дури и на пониски температури, рече таа.

Сепак, нејзината постапка не наиде на одобрување кај нејзините сограѓани.

Многу чуден агол на снимање, вакви видео снимки како оваа не одговараат на вашиот статус како политичарка, срам да ви е, ова е срам за нашиот град, се само дел од коментарите на Русите под видеото.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!