Вие имате прво да ја знаете вистината

Утрово земјотрес ја разбуди Црна Гора

Секторот за сеизмологија на Црна Гора, при Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија денеска во 08:01 часот регистрираше помал земјотрес со епицентар на четири километри југоисточно од Вели Дубок, Црна Гора.

Јачината на овој земјотрес во хипоцентарот (жариштето) беше 2,6 степени по Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет на IV степен од Меркалиевата скала (МЦС). Епицентарот на овој земјотрес бил лоциран на длабочина од 11 километри – се наведува од ЖМС.

Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!