Вие имате прво да ја знаете вистината

Во кој се европски држави е регистрирана новата варијанта на Ковид-19

Омикрон, е новата загрижувачка варијанта на Ковид-19, која пристигна и во Европа, а за прв пат беше пријавена до Светската здравствена организација (СЗО) од Јужноафриканската Република на 24 ноември.

Прелиминарните докази сугерираат дека оваа варијанта има зголемен ризик од повторна инфекција и може да се шири побрзо од другите, но се чини дека не предизвикува сериозни симптоми.

Она што загрижува е големиот број мутации на овој нов сој, поради што не може со сигурност да се знае како некои од нив ќе реагираат.

Поради таа неизвесност, европските земји итно реагираа и веднаш ги затворија воздушните граници додека научниците во меѓувреме не дознаат повеќе информации за новата варијанта.

Новата варијанта е потврден во Боцвана, Зимбабве, Кина и Израел, додека Белгија е првата европска земја која има ваков тип на вирус. Освен во Белгија, неколку случаи се пријавени и во Италија, Германија, Велика Британија и Чешка.

Германија ги потврди првите два случаи со инфекција од омикрон кај две лица во Минхен, објави баварскиот министер за здравство. Двајцата пристигнале со авион од Јужна Африка на 24 ноември.

Првиот случај во Италија на нова варијанта на омикрон е забележан кај маж во областа Неапол, кој се вратил од Мозамбик, објави во саботата Високиот здравствен институт на Италија (ISS).

А дополнително регионалната болница Либерец во северна Бохемија објави на телевизија во саботата дека открила нов вид на варијантата омикрон кај пациент позитивен на Ковид-19.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!