Вие имате прво да ја знаете вистината

Апокалипса на Босфорот: Силниот ветер рушеше згради и направи големи штети, авионски летови откажани, глетката е страшна (видео)

Катастрофално невреме попладнето го погоди Истанбул и други делови на Турција, при што загинаа четири лица а повредени се најмалку 19 лица.

Невремето предизвика голема материјална штета во градот со повеќе од 15 милиони жители.

Според турските медиуми, една жена загинала во квартот Есенјурт во Истанбул, каде силните налети на ветерот откорнале дел од покривот при што паднал врз неа и врз нејзиното дете, јавуваат турските медиуми.

Детето преживеало, но се здобило со тешки повреди.

На друго место во градот, поради ветерот беше срушена саат-кула, откорнати дрвја и превртени најмалку три камиони.

Босфорот, тесен воден пат што го дели градот, е затворен за поморски сообраќај, а фериботите се откажани.

Најмалку шест летови на авиони на компанијата Туркиш ерлајнс кои требаше да слетаат во Истанбул се пренасочени кон градовите Анкара и Измир, изјави портпаролот на авиокомпанијата.

Силните ветрови, исто така, ги принудија властите да ги откажат фериботите помеѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Датка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!