Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали Меси вечерва повторно ќе ја добие престижната награда Златна топка за најдобар фудбалер на годината !?

Престижната награда – Златна топка односно наградата за најдобар фудбалски играч во светот, ќе биде доделена вечерва во 20:30 часот на свечена церемонија во Париз. Покрај Златната топка, ќе се доделат награди уште во двете конкуренции односно награда за најдобар млад фудбалер и најдобар голман.

Шесткратниот победник на оваа награда, Лионел Меси е последниот освојувач на оваа награда 2019 година (лани церемонијата не се одржа поради пандемијата со Ковид-19), а според сите најави, напаѓачот на ПСЖ е голем фаворит за повторно освојување на престижната награда.

Аргентинецот ова лето конечно со својата репрезентацијата стана шампион на Јужна Америка, а имаше и решавачка сезона во Барселона.

Покрај Меси, на списокот се уште 29 играчи кои ја одбележаа годината до крајот, а помеѓу нив се Роберт Левандовски, потоа Џорџино кој стана европски шампион со селекцијата на Италија и Челзи во клубско натпреаврување, секако фантастичниот Мохамед Салах, Карим Бензема, Кристијано Роналдо. Килијан Мбапе и многу други.

Второто место по најмногу освоени златни топки го зазема Кристијано Роналдо со пет трофеи, а по три имаат Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!