Вие имате прво да ја знаете вистината

Драма на хрватските ватерполисти на враќање од Белград: Луѓето врескаа, повраќаа, а потоа во авионот удри гром

Ватерполистите на хрватскиот ватерполо клуб Југ доживеале големи непријатности на летот од Белград за Тиват, кога гром удрил во авионот со кој летале.

Според порталот Дубровник нет, ватерполистите и управата на клубот летале со авион на Ер Србија, кога гром удрил во леталото околу 14 часот, кога слетало на аеродромот во Тиват.

Колку пати сум летал во животот, но никогаш не го доживеав тоа што ни се случи вчера. Луѓето повраќаа, врескаа, неконтролирано стануваа од седиштата и врескаа дека мора да излезат, изјави директорот на ВК Југ, Огњен Кржиќ (52 ) за Дубровник Нет.

Над Тиват беснееше невреме, кое го фрлало авионот на сите страни, па морале да го одложат слетувањето.

Кога пилотот сфати дека работата е надвор од контрола, повторно почна да се крева од пистата што речиси ја допревме. Кружевме околу аеродромот и сето тоа време страшно не фрлаше лево-десно. По половина час ужас и пропаѓање, се обидовме повторно да слетаме и тогаш во авионот удри гром, рече Кржиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!