Вие имате прво да ја знаете вистината

Драма во Париз: Полицаец избоден со нож, се трага по сторителот

Полицаец кој не бил на должност е тешко ранет во неделата во напад со нож во Париз, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Жерал Дарманен.

Дарманен на својот Твитер профил соопшти дека е отворена истрага и дека се трага по сторителот.

Министерот не го кажа мотивот за нападот.

Француските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор од полицијата, јавуваат дека полицаецот бил избоден со нож по расправија со четири или пет лица во трговски центар.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!