Вие имате прво да ја знаете вистината

Фаучи итно повикан во Белата Куќа на брифинг за опасниот вирус: Како ќе се бори Америка? „Клучот се децата“ !?

Американскиот претседател го покани на брифинг директорот на Американскиот национален институт за алергии и заразни болести д-р Ентони Фаучи поради новиот вид на ковид 19.

Поради тој сој, кој потекнува од Јужна Африка и се нарекува омикрон, беше свикан итен состанок на СЗО, бидејќи овој опасен сој се шири низ светот со голема брзина.

„Фаучи и членовите на тимот за одговор на Ковид 19 го информираа претседателот за најновите случувања во врска со варијантата омикрон. Фаучи му кажа на претседателот дека мисли дека ќе бидат потребни уште околу две недели за дефинитивно да се утврди преносливоста, сериозноста и другите карактеристики на таа варијанта на коронавирус, но додаде дека сè уште верува дека вакцините обезбедуваат степен на заштита доволна за да се спречи ширењето на најтешките случаи на коронавирус“, објави Ослобоѓење.

Фаучи, исто така, повтори дека третата доза од вакцината обезбедува најсилна можна заштита од коронавирус, се вели во соопштението на Белата куќа објавено на нејзината веб-страница денес.

Се нагласува дека американскиот тим за одговор на ковид 19, на чело со Фаучи, препорачал „сите вакцинирани возрасни лица да ја примат третата доза од вакцината што е можно поскоро“.

„Важно е децата и возрасните кои се уште не се целосно вакцинирани веднаш да се вакцинираат“, соопшти Белата куќа.

Бајден во текот на денот ќе даде изјава за состојбата со омикронската варијанта и за неопходните мерки за спречување на ширењето на инфекцијата, пренесува руската новинска агенција Тас.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!