Вие имате прво да ја знаете вистината

“Францускиот Трамп” предизвика бура: И покажа среден прст на жена која протестираше против него (фото)

Ерик Земур, писател, есеист и потенцијален кандидат за претседател на Франција, се најде во центарот на вниманието кога покажа среден прст кон жена која протестираше против него.

Замур, кој многумина го сметаат за екстремно десничар и „француски Трамп“, пристигна во Марсеј како дел од својата промотивна турнеја, но беше пречекан од демонстрантите. 

Кога влегол во возилото, една жена му пришла и му го покажала средниот прст, на што тој му возвратил со иста мерка.

Подоцна Земур апелираше до младите да не го повторуваат неговиот гест.

На Земур моментално му се суди бидејќи ги опишал децата мигранти како „крадци, убијци и силувачи“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!