Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѓоковиќ е вакциниран !? Радмило Арменулиќ порача Новак да не прави драма и да оди во Мелбурн да го освои турнирот и да направи историја

Славниот тениски стручњак, Радмило Арменулиќ смета дека Новак Ѓоковиќ треба да оди на Австралија опен и да ја освои својта 21ва Гренд Слем титула во кариерата.

Поранешниот капитен на Дејвис куп тимот на Југославија смета дека Новак е веќе вакциниран и дека неизјаснувањето по тоа прашање може само да му наштети во кариерата.

Мислам дека Новак не треба да прави драма за тоа, туку отворено да каже дали е вакциниран или не. Така може само да си наштети. Едноставно, ако не се вакцинира, нема да може да игра, а тоа му е само минус. Треба да оди, многу му е важно да го освои тој Гренд слем турнир. Тоа би го донело до неговата 21ва титула во најголемите турнири. Мислам дека Новак е вакциниран и дека ќе игра – изјави Арменулиќ.

На прашањето дали го знае тоа или е само негов став, поранешниот селектор даде дополнително појаснување.

Мојот извор е дека тој влегол во Австралија. Знаете дека таму има карантин за Ковид-19, па немаше да може да влезе доколку не беше вакциниран – заклучи легендарниот тениски стручњак.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!