Кристијан Голубовиќ пред неколку дена преку својот Инстаграм профил ја извести јавноста дека е позитивен на корона вирусот. Поранешниот учесник во реалното шоу Задруга проговори за српските медиуми и откри дека е во многу лоша состојба и дека е во домашен карантин.
Многу сум лошо, крварев од ушите, синусите, се соочувам со пневмонија. Еве јас сум дома во карантин. За пет дена пак одам на рендген. Се чувствувам многу лошо – изјави Кристијан
Голубовиќ сега повторно се огласи на Инстаграм, но овој пат откри дека состојбата му се подобрува.