Вие имате прво да ја знаете вистината

Грција окована во строги мерки: И Црквата мора да ги почитува новите ковид правила

Грција воведе нови ограничувања кои ги обврзуваат верниците да покажат негативен тест за ковид-19 за да можат да присуствуваат на богослужбите. Оваа мерка е донесена поради зголемувањето на бројот на новозаразени во последните недели.

Според новите правила објавени на 18 ноември, на невакцинираните лица им е забрането да влегуваат во затворени простори, вклучувајќи ресторани, кина, музеи и спортски сали, дури и ако тестот е негативен за корона вирусот, објави Ројтерс.

Денеска беше првиот ден кога оние кои сакаа да присуствуваат на богослужбата мораа да покажат негативен тест.

Ова е за да се заштитиме себеси и луѓето, рече отец Христос, свештеник во црквата Свети Спиридон во Пиреја.

„Можеби е малку тешко, но ќе истраеме, должни сме да почитуваме се“, посочи тој.

Некои верници изјавија дека на неделната богослужба се појавиле помалку луѓе од вообичаено поради барањето невакцинираните да плаќаат за тестови за ковид-19, бидејќи тоа ги зголемува трошоците за многудетните семејства.

Но, од четирите цркви кои британската агенција ги посети денеска, само еден волонтер извршил проверка кај еден парохијани кој не им бил познат.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!