Вие имате прво да ја знаете вистината

Гром удри во авионот во кои патувале хрватски ватерполисти: луѓето врескаа, повраќаа и молеа за помош!

Ватерполистите од Хрватска кои се враќаа од Белград кон Тиват доживеале вистинска драма за време на летот откако гром удрил во авионот при слетување.

Директорот на клубот, Огњен Кржиќ изјави дека никогаш во животот немал слично искуство.

Знаете колку пати сум летал во животот, но никогаш не го доживеав тоа што го доживеавме вчера. Луѓето повраќаа, врескаа, неконтролирано стануваа од седиштата и викаа дека мора да излезат…  Кога пилотот сигурно сфатил дека работата е веќе надвор од контрола, почнал да се симнува од пистата. Се искачи на одредена височина и почнавме да кружиме над аеродромот, но целото тоа време невремето страшно не фрли на различни страни. По половина час од тој ужас, повторно почнавме да слетуваме и потоа гром удри во авионот – изјави Кржиќ за Хрватските медиуми.

Авионот на компанијата Air Serbia слета на Тиват вчера околу 14 часот, кога таму беснееше вистинско невреме што од авионот направи „топка“ што се фрла на сите правци горе-долу и лево-десно. Ербасот бил полн со патници, помеѓу кои и играчите на ватерполскиот тим Југа, кои се враќале од натпревар во Белград.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!