Продолжува дивеењето на навивачите во Грција.
Последниот во низата инциденти се случи на солунското дерби помеѓу ПАОК и Арис, кога навивачите го прекинаа натпреварот во втората минута од судиското продолжување, при водство на гостите со 1:0.
Шкотскиот судија Боби Меден беше принуден да ги испрати играчите во соблекувалната кога незадоволните симпатизери на ПАОК влегоа на теренот.
Претходно на теренот фрлаа тврди предмети, факели и димни бомби …
И покрај големото обезбедување тие успеаја да го прекинат натпреварот, а потоа на терен беше и полицијата за да ги смири тензиите.
Единствен стрелец беше Даниел Манчини во 41. минута.