Вие имате прво да ја знаете вистината

Италијанска новинарка шокирана, за време на јавување во живо еден навивач ја баци својата рака а потоа ја фати за задникот пред камерите (видео)

Познатата спортска новинарка Грета Бекаља доживеа непријатно искуство по натпреварот од Серија А меѓу Емполи и Фиорентина на кој домаќинот славеше со 2:1.

Бекаљи доби шлаканица по задникот од навивач додека се појавуваше пред стадионот во емисијата „A tutto gol“, а видеото почна да кружи на социјалните мрежи.

На снимката можеме да видиме како маж прво ја бакнува својата раката, а потоа ја удира или ја фаќа за задникот позната новинарка. После тоа, друг навивач влегол во кадарот, пцуејќи и покажал среден прст.

Извинете, но не можете да го направите тоа. Не можете, изјави шокираната новинарка по овој срамен чин.

Полицијата започна истрага за наводната сексуална злоупотреба, а Бекаља ги замоли сите преку социјалните мрежи да и помогнат на полицијата да го пронајде човекот кој го направил тоа.

„Ова е неприфатливо во 2021 година. Помогнете ми да ги најдам тие луѓе“, рече таа.

Јавноста ја осуди и реакцијата на колегите на Бекаља во студиото, кои и порачаа на Грета да не обрнува внимание и да не се лути. После тоа не го осудија нападот над нивната колешка која известуваше во живо од терен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!