Извршниот директор на социјалната мрежа Твитер, Џек Дорси денеска поднесе оставка, а акциите на Твитер оттогаш пораснаа за повеќе од 10 отсто.
Него ќе го наследи Параг Агравал, кој моментално е на позицијата главен директор за технологија на социјалната мрежа Твитер.
Неговата работа во изминатите 10 години беше трансформативна. Длабоко сум благодарен за неговата вештина, срце и душа. Неговото време да води со компанијата е сега, изјави извршниот директор во заминување, Дорси.
Акциите на Твитер скокнаа за цели 10 отсто по објавувањето на веста.